ПИСМО КОЕ МОРА ДА ГО ПРОЧИТАТЕ: Од Запорожските казаци до султанот Мехмед IV


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Предлог на султанот Мехмед IV

Јас, султанот, син на Мухамед, брат на Сонцето и Месечината, внук и намесник на Бога, владетел на Македонското, Вавилонското, Ерусалимското, Големиот и Мал Египет, цар над царевите, владетел над владетелите, неверојатен витез, непобеден воин, неотстапен чувар на гробот Божји, штитеник на самиот Бог, надеж и утеха на муслиманите, неспокој и заштитник на христијаните — Ви заповедам на Вас, Запорожски казаци, да ми се предадете доброволно, без никаков отпор и да не ме терате да се грижам за вашите напади.

Султанот Турски Мехмед IV

И, одговорот на казаците:
Ти, султану, ѓавол турски и на проклетиот ѓавол брат и другар, на самиот Луцифер секретар. Каков си ти по ѓаволите рицар, кога со гол газ еже не можеш да убиеш. Ѓаволот сере, и твојата војска ждере. Нема ти, кучкин сине, синовите христијански под себе да ги имаш, од твојата војска не се плашиме, на земја и на вода ќе се биеме со тебе, да ти ја изебеме мајката.

Ти си кувар Вавилонски, дрндач Македонски, пивар Ерусалимски, козоебач Александриски, свињар на Египет, Голем и Мал, лопов Ерменски, дунда Татарска, џелат Каменецки, на целиот свет шут, на самата аспида внук и курац надрвен. Свињска си рила, газ од кобила, куче касапско, главуч некрстен маме да ти ебеме.

Еве вака ти одговараат запорожците, ништожник низаеден. Нема ни свињите да ни ги пасиш. Со ова завршуваме, не знаеме кој датум е, и календар немаме, месечината е на небото, годината е во книгата, а денот кај нас е како и кај вас, за тоа баци не во газ!

Потпис: Атаманот Иван Сирко со целиот логор Запорожски


ПОДГОТВИ: Стефан Бојаровски
Извор