Писмата од Чарлс сведочат: „Бракот со Дајана беше како грчка трагедија“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Принцезата Дајана, не е единствената која што се чувствувала заробено во бракот со британскиот престолонаследник. Тајните писма, кои принцот Чарлс ги пишувал до својата пријателка Ненси Реган, откриваат дека и тој воопшто не бил среќен во оваа брачна заедница.

„Нашиот брак е своевидна грчка трагедија“, пишува принцот во едно од своите писма до Ненси испратено на 21-ви јуни 1992-ра година.

„Никој не може да разбере што значи тоа додека не му се случи. Еден ден ќе ти ја раскажам целата приказна“, раскажува Чарлс.


Неодамна беше објавен нов документарен филм за принцезата „Последните 100 денови на Дајана“, во кој беа откриени нови детали околу нејзиниот живот, меѓу кои и дека имала повеќе љубовници, отколку што претходно се претпоставуваше.

Хасан Кан бил единствената љубов на Дајана, кој бил хирург од Пакистан, но работел во Лондон. Се запознале во болница во која се лекувала нејзина пријателка. Се заљубиле еден во друг, но Кан не бил сигурен дека нивната врска има иднина поради културните разлики и медиумското внимание која врската би го предизвикала. Едноставно не бил подготвен на тоа.

За време на службената истрага за смртта на Дајана, Кан кажал дека таа ја криела врската со Доди ал Фаед од него и дека ноќта кога починала, постојано и ѕвонел на телефон, но не можел да ја добие. Доди го запознала на летување во Сен Тропе, заедно со нејзините синови Вилијам и Хари.

Ги мразела медиумите, но знаела да ги сврти во нејзина корист. Често се лутела поради изјавите и интервјуата кои нејзините пријатели и членови на фамилијата ги давале на новинарите. Портпаролот на британското семејство Дики Арбајтер кажал дека Дајана се чувствувала „прогонувано“. Сепак, токму преку медиумите таа му праќала порака на Чарлс, што се однесува до неговото однесување.

Имала тежок однос со својата мајка Френсис Шанд-Кид. Мајка ѝ два пати се мажела, па на Дајана ѝ било важно да функционира нејзиниот брак со Чарлс. Откако се развела, мајка ѝ се противела на нејзините нови врски, особено кога биле во прашање мажи од муслиманска вероисповед, па напнатоста помеѓу нив постојано растела.