Home Шоубизнис Писма на Брус Ли сугерираат дека користел дрога

Писма на Брус Ли сугерираат дека користел дрога

Брус Ли, легендата на боречките вештини, кој почина во 1973 година на 32-годишна возраст од едем на мозок, се смета дека преку писма кои биле испратени до неговиот пријател – холивудската ѕвезда Роберт Бејкер, пред неговата смрт се открива дека тој бил таен корисник на дрога.

Писмата откриваат дека Бејкер го снабдувал Ли со кокаин, ЛСД и канабис од 1969 година до неговата прерана смрт.

Како што пренесува британски „Мирор, писмата се продаваат преку „Херитиџ аукции“ во Далас, кои ја потврдиле нивната веродостојност.

На аукцијата има повеќе рачно напишани писма од Брус до Бејкер, кој почина на 52 години во 1993, а во едно се гледа дека Брус бара кокаин, што ќе му помогне да се подготви за претстојниот филм.

Тој напишал: „Многу сум пијан, но работам на претстојниот лик… малку кокаин би помогнал“.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Денес, на твојот роденден… Андрија Милошевиќ објави слика со Реља: Како две капки вода

Синот на Андрија Милошевиќ ја има целата љубов и внимание од родителите. Синот на Андрија …