Пиратски се симнува повеќе и од Game of Thrones: Шоуто на Amazon растура со гледаност


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


The Grand Tour е хит, а според бројот на пиратски симнувања од интернет, зад себе ја остави и најпопуларната серија на денешницата, Game of Thrones.

Новиот проект на Amazon и Џереми Кларксон, во кој се вложени над 200 милиони долари, ги надмина сите очекувања, а според британските медиуми, целосно го фрли во сенка култниот серијал на BBC, Top Gear. Проектот со кој продолжи Кларксон после напуштањето на Top Gear, после само неколку епизоди, стана пиратски најсимнуваната серија од интернет во историјата, пренесува Daily Mail.

13-12-the-grand-tour1

Првата епизода ја имаат симнато речиси 8 милиони корисници, втората 6,4 милиони, а третата 4,6 милиони, додека четвртата епизода беше емитувана пред четири дена, а за неа се зборува на големо бидејќи Кларксон направил возило од коски и кожа на мртви животни.

„The Grand Tour е пиратски најсимнуваното шоу на сите времиња“, открива Крис Елкинс, кој се занимава со анализа на податоци и додава дека ова шоу „ги остави во прашина“ многу големи серии, вклучително и Game of Thrones. Аналитичарот на пиратски податоци проценил дека само од пиратските симнувања во Британија Amazon е во потенцијална загуба од три милиони фунти.

На прашање за пиратските симнувања на нивното автомобилско шоу, од Amazon дипломатски одговорија: The Grand Tour стана најголемото шоу кои било кога постоело на Amazon Prime Video, а ги руши сите рекорди во светот“.