Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Претседателот на Исланд, Гудни Јоханесон, ѝ го довери мандадот за формирање нова влада на лидерката на радикалната Партија на пиратите, Биргита Јонсдотир, откако двете најголеми парламентарни партии не успеаја да постигнат договор за формирање коалиција.
Како што пренесуваат медиумите, Партијата на пиратите, која беше трета по освоени пратенички места на парламентарните избори во октомври годинава, се надева дека ќе успее да постигне договор со четири партии и да формира владина коалиција.
Доколку Партијата на пиратите, Движењето на левите зелени, Социјалдемократската алијанса, партијата Светла иднина и Партијата за обновување постигнат договор, заедно ќе имаат 34 пратенички места. За мнозинство во исландскиот парламент потребни се 32 места.
Мандатарката Јонсдотир засега не открива кој ќе биде новиот премиер, со образложение дека преговорите сe уште не стигнале до тоа прашање.
Партијата на пиратите беше формирана од група хакери, активисти за заштита на слободата на интернет и различни политички активисти и на изборите во октомври освои 10 пратенички места во 63-члениот парламент на Исланд.
Предвремените избори во октомври беа организирани откако во аферата со Panama Papers беше откриено дека премиерот Сигмундур Давид Гунлаугсон поседува сметки во офшор-компании, по што тој беше принуден да поднесе оставка од функцијата.