Пилотот му го спаси животот – бебето шимпанзо му се заблагодари трогателно


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Младенче од родот на шимпанзото беше спасено во последен момент откако ловокрадци му ја убија мајката, и беше префрлено во резерват за примати во Конго.

Додека патуваше со авионот кон својот нов дом, младенчето шимпанзо наречено Муса се ослободи и охрабри, па му седна во скут на пилотот Антони Каер, кој му го спаси животот.

Малиот Муса нејжно се приближи до пилотот како да сака да се заблагодари што му го спаси животот.

„Веројатно неговата мајка е убиена. Не е можно така едноставно да земете бебе од нејзините раце, бидејќи како и кај луѓето, секоја мајка ќе направи сè за да го заштити своето роденче“, изјави директорот на резерватот, додавајќи дека постои нелегална трговија со шимпанза во која младенчињата се продаваат и по неколку илјади долари, пренесува Fox News.