Home Рецепти Пилешки такоси – крцкави и егзотични!

Пилешки такоси – крцкави и егзотични!

Дали постои некој што може да одолее на совршениот мирис на такосите?

Дури и ако не сте љубители на зачинета храна, можете да уживате во овој специјалитет, бидејќи е повеќе од прилагодлив за модификации, без да го изгуби својот фантастичен вкус. Но, дали знаевте дека пилешките такоси можете брзо и лесно да ги подготвите и дома? За целата авантура ви треба само половина час, а резултатот ќе биде, најблаго речено, фантастичен.

ПОТРЕБНО:

  • 1 лажица екстра девствено маслиново масло
  • 1 шолја грубо сечкан кромид
  • 2 чешниња лук, ситно исечкани
  • 3 лажици пасирана лута пиперка
  • 1 лажичка сув оригано
  • ½ лажичка мелен ким
  • ¾ шолји конзервиран доматен пире
  • ¼ шолја пилешки бујон
  • ½ лажичка сол
  • 3 шолји сечкано пилешко месо на скара
  • 10 пченкарни тортиљи
  • 2 зрели авокада, исечени на тенки кришки
  • ¼ шолја сечкан свеж магдонос
  • Котија сирење (котиха – мексиканско сирење од кравјо млеко)
  • Кришки лимета

ПОДГОТОВКА:

Загрејте тава на средна температура. Додајте масло, па ставете го кромидот и динстајте додека не омекне, околу 5 минути. Додајте го и лукот, па динстајте уште една минута. Потоа додајте ја пасираната лута пиперка, ориганото и кимот, заедно со доматниот пире, бујонот и солта. Оставете да зоврие и гответе околу 5 минути.

Добиената смеса ставете ја во блендер и мешајте додека не стане совршено мазна. Потоа, вратете ја во тавата и варете на тивок оган. Додајте го сечканото пилешко месо и мешајќи, гответе уште околу 5 минути. Прилагодете ги зачините по вкус.

Загрејте ги тортиљите на сува тава и преместете ги на чинија кога ќе заруменат. Додека се сè уште топли, на секоја тортиља ставете пилешко со сос, па украсете со кришки авокадо, магдонос, кромид и котија сирење. Исцедете лимета врз сè и сервирајте веднаш.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Како да направите чоколадни велигденски гнезда

Како да подготвите чоколадни велигденски гнезда Велигден, како еден од најголемите верски …