Славни

Пике „заигра“ и во музички спот – еве за што станува збор

Колумбиската музичка ѕвезда Шакира го објави новиот спот кој го сними за песната Me Enamore, која му ја посветува на својот сопруг, фудбалерот од Барселона, Пике, кој исто така се појавува во видео записот.

Текстот од песната раскажува за тоа како таа го запознала славниот фудбалер Жерар Пике и се заљубила во него.

„Мојот живот почна да се менува таа ноќ кога те запознав“, се стиховите со кои започнува новата песна од Шакира, која во продолжението ја објаснува возрасната граница меѓу неа и Пике.

Истовремено, Шакира посветено работи на нејзиниот нов албум кој треба да излезе на 26 мај, а на кој ќе бидат поместени песни на шпански и англиски јазик.

Advertisements
To Top