Пике за Роналдо: Не е убаво да се самопрогласиш за најдобар!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Дефанзивецот на Барселона, Жерар Пике смета дека двата тима имаат подеднакви шанси за победа во „Ел Класико“ и не пропушти шанса да го „боцне“ Кристиано Роналдо.

„Не е важно во каква форма си за Ел Класико, шансите се секогаш 50-50, бидејќи се може да се случи. Во последните години тој кој игра како гостин се чувствува поконфорно. Што и да се случи на овој дуел, титулата нема да се реши“, заклучи Пике.

Запрашан дали Каталонците треба да направат шпалир за фудбалерите на Реал, Пике одговори:

„Клубот јасно го кажа својот став по таа тема. Има логика, ние не учествувавме во тоа натпреварување и не треба да ги мешаме работите“, истакна Пике, а потоа ја коментираше изјавата на Роналдо.

„Го респектирам неговото мислење, но не е убаво да се самопрогласиш за најдобар. Тоа треба да го направат другите луѓе. Ме изненади неговата изјава“.