Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Фудбалерот на Барселона, Жерар Пике се спрема на живот без возачка дозвола, па на денешниот тренинг пристигна со електричен велосипед.
Пике во петокот имаше проблеми со сообраќајот откако полицијата го запре и утврди дека неговата возачка е одамна истечена. Поради тоа ѕвездата на Барселона ќе добие жестока казна и најверојатно во следните 6 месеци ќе остане без возачка дозвола.
Меѓутоа, за дефанзивецот тоа нема да биде никаков проблем, што го покажа и утринава кога на електричен велосипед се појави на тренинг. Фотографите успеаја да го снимат Пике на улиците на Барселона додека оди на тренинг, а неверојатно делува фактот дека електричниот велосипед го платил дури 10.000 евра.
@3gerardpique ostao bez vozačke dozvole, pa električnim biciklom koje košta 10 hiljada eura stigao na trening. pic.twitter.com/91VmJ5mHEN
— SportSport.ba (@sportsport) September 4, 2018