Пике: Јас сум Каталонец, спремен сум да се повлечам од шпанската репрезентација!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Дефанзивецот на Барселона Жерар Пике и даде поддршка на Каталонија на референдумот за независонот и истакна дека е спремен да се повлече од шпанската репрезентација ако тоа е проблем.

Откако се појави на гласачкото место и откри дека гласал „За“ независност на Каталонија, навивачите веднаш го нападнаа и бараат од шпанскиот фудбалски сојуз да го исфрлат од репрезентацијата.

Пике се огласи јавно и истакна дека се чувствува како Каталонец, а ако тоа е проблем потврди дека е спремен да ја напушти шпанската репрезентација.

„Ако некој од Фудбалскиот сојуз на Шпанија смета дека јас ќе бидам проблем во националниот тим, тогаш подготвен сум да се повлечам. Во Шпанија има многу луѓе кои не се сложуваат со она што се случи во Каталонија“, изјави Жерар Пике.

Ѕвездата на Барселона рече дека забраната на референдумот уште повеќе ќе го наруши односот меѓу Шпанија и Каталонија.

„Не можев да верувам. Мислев дека ќе се обидат да го забранат гласањето, но мило ми е што целиот свет можеше да види за што се работи. Оваа одлука е една од најлошите во последните 45 години и само ќе го наруши односот меѓу Шпанија и Каталонија“, заклучи Пике.