Пијани стрелале еден во друг облечени во панцири, па завршија во затвор


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


50-годишниот Чарлс Ферис и 36-годишниот Кристофер Хикс од Арканзас беа уапсени од полициските служби откако под дејство на алкохол си пукале со огнено оружје еден во друг, додека на себе носеле непробојни панцирни елеци.

Полицијата соопшти дека двајцата комшии пиеле алкохол кога на Ферис му рекол на Хикс да му пука во градите со пушка додека овој носел панцирен елек. Од истрелот во градите на Ферис на неговото тело останало црвенило.

Тој се налутил поради таа повреда, па потоа Хикс го облекол панцирот, а Ферис неколку пати го пукал во грб. Хикс од ударите на куршумите се здобил со модринки, но немал сериозни повреди.

Ферис за телесните белези на сопругата и’ рекол дека ги здобил после пукањето, но потоа се пожалил на болки и отишол во болница. Тогаш се вклучила и полицијата во целата ситуација и ги уапсила комшиите. Тие беа пуштени од притвор на слобода со кауција од по 5.000 долари. Судијата им изрече мерка дека не смеат да контактираат меѓу себе повеќе.