Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Тошокот од вртоглави 2 милиони долари месечно е само еден од големиот број проблеми кои ги има и со кои секојдневно се соочува славниот актер Џони Деп, пренесува Ролингстоун.
Популарното музичко списание минатиот четврток објави мрачен разоткривачки профил на Џони Деп, документирајќи ги финансиските проблеми на актерот, пиењето и многу, многу повеќе.
Авторот Стивен Родрик поминал 72 часа со актерот во замокот на Деп во Лондон. Еве некои од најинтересните парчиња:
„Речиси целото“ пријавено богатство на Деп од 650 милиони долари го нема, според Ролингстоун. Деп го тужи Џоел Мандел, поранешен деловен партнер, заедно со неговиот брат Роберт, за „небрежност, прекршување на доверената должност и измама“.
Финансиските проблеми на Деп почнале пред речиси една деценија, кулминирајќи во сегашната правна битка.
Манделови негираат сè и го тужат Деп за зависност од трошење, наведувајќи дека актерот честопати купувал за по 2 милиони долари месечно. Фирмата на Мандел е под истрага од даночната управа и Одделот за правда, според Вол стрит џурнал.
Екстравагантното трошење на Деп, според Манделови, изгледало вака некако:
Деп, наводно, потрошил 75 милиони долари на повеќе од десетина резиденции, 3 милиони долари за да ја исфрли пепелта на својот пријател Хантер С. Томсон во воздух од топ и 7.000 долари за да ѝ го купи на својата ќерка каучот од серијата „Со семејството Кардашијан“.
Има уште: глумецот наводно трошел по 200.000 долари секој месец за патувања со приватни авиони и купил 200 уметнички дела, вклучувајќи и дела на Жан-Мишел Баскија и Енди Ворхол.
Бројките на Манделови се погрешни, инсистира Деп за Ролингстоун. „Инаку, исфрлањето на Хантер кон ебаното небо не чинеше 3 милиони долари. Чинеше 5 милиони долари“, вели Џони.
Според Манделови, Деп трошел 30.000 долари месечно на вино, тврдење за кое тој вели дека е „навредливо“.
„Сумата е многу поголема“, вели актерот.
Родрик го споредува сегашниот живот на Деп со „пристојна копија“ на последните денови на Елвис Присли и го опишува „бескрајниот резервоар на вино што се точи во пехари“.
Деп вели и дека е убеден дека ЛСД-то ќе го олеснело заробувањето на Осама бин Ладен.
„Ќе земете еден куп ебени авиони, големи ебени авиони што прскаат срања, и ќе фрлите ЛСД 25“, вели тој за Ролингстоун. „Ќе го преплавите ебеното место. Сите можни ќе излезат од својата пештера смеејќи се, среќни“.
Зборувајќи за наркотиците, актерот извесно време раскажува за метаквалонот и жали поради падот на популарноста на дрогата.
„Направени се со само малку арсен, или стрихнин“, вели тој. „Значи многу побрзо стануваш хај“.
Деп вели дека еднаш побарал од некој „вратар“ на кафе-бар да го удри додека бил на метаквалон само заради забава.
„Или сакате да се смеете и да си бидете среќни со другарите, или да ебете или да се тепате“, вели Деп.
Деп не ја споменува својата поранешна сопруга Амбер Херд, поради договорот за неоткривање потпишан од двете страни. Меѓутоа, авторот забележал дека тетоважата на прстите на актерот на која некогаш пишувало „витка“ (slim), како референца за Хард, е сменета во „ѓубре“ (scum).
Бракот на Деп и Херд заврши со развод, откако таа објави фотографии со модрици на себе по наводна расправија во која рече дека тој го фрлил својот мобилен телефон кон неа.
Херд го обвини Деп и за злоупотреба на дрога и алкохол. Подоцна ја повлече тужбата против Деп и двојката објави заедничка изјава, велејќи дека тие имале „интензивно страсни и понекогаш насилни“ односи и дека „никогаш немало намера за физичка или емоционална штета“.
Извор: Мкд.мк