Пиењето вода за време и по оброкот предизвикува ризик од појава на оваа ОПАСНА БОЛЕСТ


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Доколку пиете вода кога јадете крофни, го зголемувате шеќерот во вашата крв значително над онаа доза која се смета за здрава.

Истражувачи го анализираа нивото на шеќер во крвта кај луѓето кои јаделе крофна, со и без вода. Оние кои го плакнеле своето грло од шеќерот, имале поголема количина од истиот во крвта од луѓето кои во исто време јаделе крофни без вода.

Шеќерот во крвта се зголемува секојпат по јадењето, но кога нивото ќе се подигне значително високо може да доведе до дебелеење и дијабетис тип 2. Експертите велат дека водата му помага на телото да ја апсорбира глукозата и предлагаат да пиете вода пред и по јадењето за да го минимализирате ефектот на шеќерот. Ова истражување подразбира јадење крофни, но може да се примени и на други намирници.

Високото ниво на шеќер во крвта може да направи телото да не е во можност да се избори да го регулира нивото на шеќер во крвта и тоа може да доведе до дијабетис. Се советува да се избегнува внесувањето течности додека јадеме, за да се избегне ваквиот ефект на шеќер во нашиот организам.

Експертите укажуваат на тоа дека на интернет можат да се најдат совети кои велат дека треба да се пие вода во текот и малку по оброкот, а всушност најздраво е да се испие вода пред оброкот. Доколку имате некој од облиците на дијабетис, посоветувајте се со вашиот лекар што е најдобро за вашето здравје и не заборавајте редовно да го контролирате нивото на шеќерот во крвта.