Галкина Анечка е руска инфлуенсерка која ја викаат и Ледената кралица, а голема популарност стекна благодарение на видеата во кои скока во ледени езера, пркосејќи им на зимата и екстремно ниските температури.
Во едно такво видео, 25-годишната девојка нурна во ледено езеро, а потоа испи топло кафе, на -27°C. Русинката скокнала од езерото, а на главата и останал мраз, додека се околу неа било замрзнато, па не е чудно што го добила својот прекар.
Есть женщины в русских селеньях!
By @_galkina_anechka_ pic.twitter.com/e64sAujGGN
— Этна (@EtoEtna) December 26, 2022
Русинката ги објавува своите видеа на социјалните мрежи, а нејзиното најпопуларно видео на TikTok е она во кое таа исто така излегува од езеро, но наместо да пие кафе, јаде нешто што личи на снежен копан. Видеото собра повеќе од 62 милиони прегледи.
Watch on TikTok