Петте естетски најдобри автомобилски дизајни според правилото на „златен пресек“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Во денешни услови, кога се прекршени многу поранешни стандарди и се востановени многу и разни други естетски стилови и вкусови, при расудувањето за добар естетски дизајн тешко може да се донесе конечна одлука и прецизна оценка. Затоа, во таков случај, секогаш е добро да се повикаме на старите добри и непобитни научни принципи.

Токму тоа го направи британскиот Carwow , кој одлучи да го примени златното правило за убавина и естетика (правило на „златен пресек“) врз автомобилите. Математички базираниот структурен термин се користи во уметноста со векови, и едноставно кажано, тоа е начин да се одреди естетска вредност со делител од приближно 1,6 што е златниот број на убавина.

Доколку се примени овој закон, во кој помалиот дел кон поголемиот се однесува како поголемиот према целината, се добива неочекувана листа. Најубавиот автомобил во изминатата деценија е малиот Smart, бидејќи златното правило за убавина го исполни со 98,83%.

Smart ForTwo Cabrio

На второ место во Топ 5 листата според овој принцип е рангиран Volkswagen Up! (98,62%).

Volkswagen UP!

После него следат Opel Mokka (98,57%) на трето место, Тоyota Corolla (98,56%) четврта и Nisan Micra (98,55%) петто место.

Vauxhall Mokka
Тoyota Corolla
Nissan Micra

Ако се прашувате каде се супер автомобилите на Lamborghini, можеби ќе се разочарате кога ќе ви кажеме дека се на дното, некаде околу 500-тo место . Најгрдиот автомобил според овој принцип на естетска валоризација е Ford Fiesta ST позициониран на 626. место со само 34,31% поклопување со древното правило за убавина.

Целосната листа и класификација можете да ја разгледате ТУКА.