„Петрунија“ доби награда за режија на фестивал во Минхен


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Теона Стругар-Митевска доби награда за режија за филмот „Господ постои, нејзиното име е Петрунија“ на штотуку завршениот филмски фестивал во Минхен.

„Господ постои, нејзиното име е Петрунија”, беше во конкуренција со уште десет филма од централна Европа.

Жирито е составено од филмски професионалци, филмски новинари, како и публика и институции, кои едногласно одлучија наградата за режија да и припадне на нашата режисерка. Наградата е парична и во износ од 5 000 евра, а се доделува од страна на локалната самоуправа.

Германската дистрибуција на Петрунија почнува во ноември.