Петровски: Мицкоски ги неутрализира членовите на ВМРО-ДПМНЕ да не одат на протести – имаме видео докази


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Филип Петровски во изјава за „Фокус“ тврди дека лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, го неутрализира членството на партијата да не излегува на протестите против промена на името и дека е во таен договор со премиерот Заев за тоа. Тој тврди дека за тоа имаат и видео и аудио докази.

„Мицкоски е контролиран од неговите ментори од странските амбасади. Него не го интересира ниту ВМРО, ниту членството, ниту Македонија. Тоа е човек кој треба да одигра улога во сценариото за разнебитување на Македонија и веќе ја игра. Повремено прави прошетки по улици, како во Битола, за да го замае членството дека нешто прави. Тој не заслужува да биде претседател на ВМРО, треба да си даде оставка, го обербати името ВМРО. Во последните денови тој активно работи да го неутрализира членствотода не оди на протести за што имаме аудио и видео докази. Дел од нив може и наскоро да ги објавиме. Кога народот беше тепан, кога полицијата беше во офанзива против голоракиот народ, Мицкоски си беше на свадба. Така не се однесува лидер на ВМРО“, изјави Петровски.