
Исповедта на Петра Дивац полна со емоции
Петра Дивац е ќерка на Владета и Ана Дивац, кои, како што вели, уште на тригодишна возраст ѝ објасниле дека е посвоена, но никогаш не ја одвојувале од своите биолошки синови. Љубовта што ја добила во своето семејство е неизмерна, а за желбата да ја запознае својата биолошка мајка зборува во големата исповед што ја даде во емисијата „На терапија со Славица Ѓукиќ Дејановиќ“.
— Разговарав со мама и со тато за тоа, ја изразив мојата желба и всушност тато ми објасни дека можеби немаше да биде вистинскиот момент на 14 години, а подоцна ми кажа дека законски не смеам да ја барам пред 18-тата година. И, некако кога нешто не смееме, баш тогаш најмногу сакаме да го направиме тоа. Но, штом наполнив 18, веќе не сакав, не ме интересираше повеќе.
— Секако, секогаш стојам зад тоа дека сум благодарна на мојата биолошка мајка, жената што ме донесе на овој свет. Можела да ја прекине бременоста, но не го направила тоа. Добив шанса за навистина прекрасен живот, два прекрасни браќа, мама и тато кои ме сакаат повеќе од сè на светот. Јас тоа навистина го знам.
— Моето семејство ми пружило сè на овој свет, како мене, така и на Лука и Матија. Од љубов па натаму. Не само што им благодарам за тоа, туку и за тоа што ме воспитале да бидат силна пред коментарите на училиштето, написите во весниците и што ќе каже некој друг – вели во својата исповед Петра Дивац, откривајќи дека родителите никогаш не ја одвојувале од нејзините браќа.
Кога денес би ја сретнала својата биолошка мајка, Петра истакнува дека би ѝ рекла само едно:
— Првото што би ѝ го кажала, од срце, би било „фала“. Фала што не ја прекина бременоста, фала што ме донесе на овој свет, фала што ме носеше девет месеци во својот стомак и што во тој момент верувала дека така е најдобро за мене. Се покажа дека навистина е така. Значи, едно големо фала, навистина – вели Петра Дивац.