До петок облаци и дожд, викендот сонце


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Временската прогноза за Македонија денес предвидува променливо облачно време со локален дожд и услови за ретки грмежи, претежно во планинските региони. Ќе дува умерен северен ветер, кој краткотрајно на север ќе се засилува.

Дневните температури ќе се движат од 14 Целзиусови степени во Маврово, 18 во Охрид, 19 во Берово до 23 степени во Скопје, Кавадарци 24 и Дојран 26 степени.

И утре и задутре времето ќе биде променливо облачно со повремен дожд и ретки грмежи и дневни температури од 16 до 25 степени.

В сабота времето ќе биде сончево, со мала умерена облачност во јужните делови и температури од 17 до 24 степени.