Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Денешниот ден ќе донесе значително намалување на облачноста низ земјава, иако утрово сеуште е пооблачно во поголем дел од Македонија. Облачноста ќе се намалува почнувајќи од североисток со прогресија кон југозапад. Ветерот ќе биде воглавно слаб.
Утринава температурата има вредности кои се негативни, но низ котлините не се спуштени под минус 5 степени.
Максималната денеска ќе има вредности околу 1 степен во северниот и југозападниот крај, а на југоисток околу 4 степени. Негативна температура во текот на целиот ден се очекува на повисоките места во западниот регион.
Скопскиот крај го очекува претежно облачно време утрово, но од пладне со тенденција на намалување на облачниот слој. Максималната температура нема да надмине 1 степен Целзиусов.