Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Петок ќе биде ден кој ќе помине во прилично подобри метео услови за разлика од четврток. Пред се ќе биде доста посончево, особено во втортата половина од денот, а и ветерот ќе биде доста послаб во однос на претходниот ден.
Наутро во одделни котлини ќе има појава на сосема слаба магла и ниска облачност, пред се во западниот дел од земјата, но и долж повардарието.
Температурата во утринските часови ќе биде насекаде негативна, и тоа во дијапазонот помеѓу минус 10 и минус 5, а на повисоките места истата ќе се спушти во границите помеѓу минус 12 и минус 15 степени.
Максималната температура ќе има вредности од околу минус 1 до 2 степени во северниот и југозападниот крај, а на југоисток околу 4 степени.
Скопскиот крај го очекува умерена, ниска облачност наутро, додека преку ден ќе има тенденција за разведрување посончево време. Наутро ќе биде студено, со минимална температура околу минус 8. Максималната вредност на температура нема да надмине 1 степен Целзиусов.