Петок навестува временска промена


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Петок ќе започне со релативно ведро време. Околу пладне наоблачувањето ќе биде почне се повеќе да прогресира во западниот крај, за веќе до ноќните часови насекаде да имаме облачно време.

Наближувањето на атмосферскиот фронт кој треба да ги донесе врнежите в сабота ќе биде наговестено од засилувањето на ветерот од јужен правец во западниот дел од земјава во втората половина од денот.

Максималната температурата ќе биде во границите помеѓу 13 и 16 степени низ поголемите населени места во земјава, додека на југоисток температурата ќе достигне до околу 19 степени.

Поширокиот скопски регион очекува сончево време во првата половина од денот, додека попладне облачноста ќе почне постепено да се зголемува. Очекуваме температура со вредност до максимални 16 степени.

В сабота се очекува пад на температурата и врнежливо време. На планините врнежите ќе бидат од снег.
В недела облачноста постепено ќе се намалува, а температурата ќе бележи мал пораст во однос на сабота.