Петочна временска прогноза


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Сончево и топло со мала до умерена облачност, а од пладневните часови со северoзападен ветер, кој на север и вдолж Повадарието ќе засилува.

Попладне претежно во североисточните делови ќе има услови за нестабилност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.

Минималните температури ќе се двиѓат од од 14 до 20 степени Целзиусови, а максималните дневни ќе бидат во интервал од 31 до 40 степени. УВ индексот ќе изнесува 9.

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност, а од пладневните часови со северoзападен ветер, кој повремено ќе засилува. Температурата од 20 до 37 степени.

Преку ноќта и за време на викендов времето ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и повремено засилен северен ветер, претежно во источните и јужните делови од земјава.

Дневните температури ќе бидат во опаѓање и во недела и понеделник ќе биде најсвежо со температура која ќе биде под 30-от степен.