Петочна временска прогноза


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Деншното рано утро во Скопје, вдолж Повардарието и на многу други места времето беше облачно и дождливо, на места со пороен дожд и грмотевици.

УХМР прогнозира дека претпладне на места ќе има зголемена облачност и услови за локален дожд со ретки грмежи. Попладне ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, поизразен вдолж Повардарието. Ултравиолетовото зрачење на сонцето нема да бие силно, УВ=7.

Утринските температури на места се спуштија до 12 степени, а во текот на денот максималните температури ќе се движат од 24 степени на повисоките места, 31 во скопската котлина, до 34 на југозападот од Македонија.