Петочна временска прогноза


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Времето денеска во Македонија ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. УВ индексот ќе биде 8.

Максималните дневни температури ќе достигнат во Скопје 36 Целзиусови степени, Маврово 28, Охрид 32, Битола и Крива Паланка 33, Берово 32, Кавадарци 37, Дојран 38.

И за утре прогнозата е сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, а дневните температури ќе се движат од 28 до 38 Целзиусови степени.