Home Актуелно Петочна временска прогноза

Петочна временска прогноза

Овој декемвриски петок времето во Македонија ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд во попладневните и вечерните часови кои наместа ќе бидат пообилни. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува и слаб до умерен југоисточен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус 3 до 3, а дневната од 8 до 13 Целзиусови степени.

Во Скопје слично време со слаба утринска магла. Утринската температура ќе се спушти до нула, а дневната ќе достигне до 10 степени.

Во следниот период синоптичарите најавуваат претежно облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. На планините врнежите ќе бидат од снег и ќе се зголемува снежната покривка. По котлините ќе има појава на утринска магла. Во понеделник ќе дува засилен северен ветер. Од вторник се очекува стабилизирање на времето.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…