Петочна временска прогноза


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


И петок ќе го започнеме со релативно студено утро. Минималната температура ќе има вредност помеѓу -4°С и -8°С низ котлините, и околу -10°С на повисоките места.

Денот ќе биде генерално сончев. Облачност ќе има претпладне повеќе во северните и источните краишта, а попладне повеќе во јужните делови од земјата. Сепак, некоја особена шанса за врнежи од оваа облачност нема. Ветерот ќе биде слаб.

Максималната температура ќе има вредност помеѓу 4°С и 7°С низ поголем дел од котлините, а на југоисток околу 10°С .

Скопскиот регион ќе биде малку облачен наутро, потоа следи поведро време.

Температурата ќе има највисока дневна вредност околу 8°С.