Актуелно

Петочна временска прогноза

Овој петок, 8 ноември, во Македонија ќе имаме променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, поинтензивни на истокот. На југоистокот ќе има услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Утринската температура ќе се движи од седум до 14 степени, а дневната температура од 12 до 22 Целзиусови степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе достигне до 11 степени, а дневната температура до 20 степени. Во Маврово максималната дневна температура че достигне до 11 степени, Охрид и Крива Паланка 17, Битола 16, Кавадарци 20, Берово 16, Дојран 22.

За време на викендот ќе биде променливо облачно и врнежливо со повеќе сончеви периоди во сабота, а поинтензивни врнежи во недела. Следува периодот со услови за појава на утринска магла по котлините, но и на позитивни утрински температури.

Advertisements
To Top