Advertisements
Актуелно

Петочна временска прогноза

Во Македонија денес, претпладне, ќе преовладува сончево и топло време. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд и грмежи.

Поради големата енергија во атмосферата можна е и изолирана појава на поинтензивни процеси во форма на невреме со град и силен ветер.

Максималната дневна температура ќе биде во интервал од 30 до 38 Целзиусови степени – Скопје 32, Маврово 26, Крива Паланка 29, Охрид и Битола 31, Берово 30, Кавадарци 35, Дојран 38.

Прогнозата за утре е сончево и топло со мала до умеререна локална облачност и дневни температури од 28 до 36 степени.

Advertisements
To Top