Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Петок ќе го започнеме оака како што ќе го завршуваме четврток, со ниска облачност по котлините, сосема локална појава на слаба магла, ведро на повисоките места и речиси без ветер.
Оваа состојба ќе се задржи и претпладне, со тоа што ќе има делумно расчистување на слојот на ниска облачност. Помала веројатност за разведрување ќе има во северниот дел текот на Вардар, односно во Полог, скопскиот и велешкиот крај.
Попладне постепено ќе потпаѓаме под периферно циклонско влијание од запад. Истото ќе донесе позначајна промена на повисоките места, односно од ведрото време кое го имаа деновиве, ќе настапи постепено наоблачување.
Максималната температура денеска ќе има вредност помеѓу 8°С и 11°С низ поголем дел од котлините, а на југоисток.
Во поширокото подрачје во скопскиот крај ќе се задржи облачно време. Наутро ќе има мала шанса за појава на слаба локална магла. Ветерот ќе биде беззначаен.
Температурата ќе има дневна максимум околу 10°С.