Петочна временска прогниоза


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Првиот октомвриски ден во Македонија носи облачно и свежо време. Претпладне во западните и јужните делови со повремен дожд со послаб интензитет. Попладне ќе има намалување на облачноста. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.

Максималните дневни температури ќе бидат во Скопје 20 Целзиусови степени, Маврово 13, Охрид, Битола, Крива Паланка, Берово 17, Кавадарци 21, Дојран 20.

Утре утрото ќе биде постудено, а преку денот сончево со мала до умерена облачност и максимални дневни температури од 15 до 23 степени.