Петочна и викенд временска прогноза


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во Македонија ќе биде сончево, по одделни котлини со услови за слаба утринска магла. Утринската температура ќе се движи од минус шест до нула, а дневната од 10 до 16 степени.

Во Скопје сончево со слаба утринска магла, а ќе дува и слаб ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се спушти до минус четири, а дневната ќе се искачи до 10 степени.

За време на викендот нашето подрачје ќе биде под влијание на нов влажен воздушен бран проследен со врнежи од дожд кои ќе започнат во сабота кон крајот на денот, а ќе продолжат и во недела.

На планините и на некои повисоки места се очекуваат и врнежи од снег.