Петочна и викенд временска прогноза


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Овој петок во Македонија носи претежно сончево и топло, а попладне само во крајните северни планински делови се очекува краткотрајна нестабилност.

Утринската температура, според УХМР, ќе се движи од 11 до 19, а дневната од 29 до 36 степени, додека вредноста на УВ-индексот ќе изнесува 9.

Во Скопје, времето исто така ќе биде сончево и топло, со мала до умерена облачност попладне. Утринската температура ќе се спушти до 17, а дневната ќе достигне до 34 степени.

За време на викендот дневните температури ќе бидат во благо опаѓање и во попладневните часови во западните делови од земјата можна е изолирана појава на краткотраен дожд.