Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Денеска, петок, 26. ноември, времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено претпладне во западните делови каде локално ќе наврнат над 20 л/м2. На планините врнежите ќе бидат од снег и се очекува да се формира снежна покривка. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен и југоисточен правец.
Mаксималните дневни температури ќе достигнат во Скопје 9 Целзиусови степени, Маврово 2, Охрид 10, Битола 9, Крива Паланка и Берово 7, Кавадарци и Дојран 11.
Утре времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, претежно во западните делови и на крајниот исток. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Дневните температури ќе се движат од 2 до 11 степени.
И в недела ќе имаме променливо облачно со повремени врнежи од дожд кои локално ќе бидат поројни. Ќе дува умерен до засилен, а повремено и силен ветер од јужен правец. Максималните дневни температури ќе се движат од 12 до 18 степени.