Home Актуелно Петочна и викенд временска прогноза

Петочна и викенд временска прогноза

Времето во Македонија денеска, петок, 6. октомври, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претежно во западните делови ќе има услови за краткотраен локален дожд.

Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 15, а максималната ќе достигне од 21 до 28 Целзиусови степени.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 25 степени.

За време на викендот времето ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Во недела попладне и во понеделник ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер што ќе допринесе дневната температура во понеделник да опадне за 4 до 6 Целзиусови степени.

 

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…