Петочна и викенд временска прогноза


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, кои на повеќе места ќе бидат поројни.

Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме проследени со грмежи и со силен ветер над 70 километри на час.

Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремен дожд. Околу пладне во делови од котлината ќе има краткотрајно невреме со пороен дожд, засилен ветер и појава на грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 18 степени.

Од утре ќе настапи преодно стабилизирање на времето. Во недела и во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат поројни, проследени со појава на грмежи