Петочна и викенд временска прогноза


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Времето во Македонија денеска, петок, 10. март, ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни, проследени со грмежи и засилен ветер (над 70 км/час), локално и во форна на невреме.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со повремен дожд. Попладне во делови од котлината врнежите ќе бидат поројни, проследени со грмежи и засилен ветер, а дневната температура ќе достигне до 16 Целзиусови степени. Маврово 7, Охрид 14, Битола 15, Крива Паланка и Берово 13, Кавадарци и Дојран 17.

Утре времето ќе биде променливо облачно и релативно топло со слаб локален дожд. Ќе дува умерен ветер претежно од западен правец, кој попладне ќе се промени во северен, и наместа долж Повардарието повремено ќе засилува.

Во Скопје променливо облачно со повремен дожд. Дневните температур ќе се движат од 7 до 17 степени.