Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Денеска, петок, претпладне по одделни котлини има услови за појава на слаба магла. Во текот на денот се очекува да биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладне ќе има повремени врнежи од дожд.
Ќе дува умерен ветер од јужен правец, кој на места долж Повардарието и во југозападните делови ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 15 до 19 степени. Сонцето изгреа во 6 часот и 27 минути, а ќе зајде во 16 часот и 10 минути. Денов трае 9 часа 43 минути.
Во Скопје променливо облачно, попладне и кон крајот денот со повремен дожд и со слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Подрачјето на нашата земја за време на викендот и во почетокот на следната седмица ќе биде под влијание на серија на влажни бранови. Времето ќе биде променливо облачно наместа со врнежи од дожд со променлив интензитет.
Во сабота ќе биде релативно топло и ќе има сончеви периоди, а во недела и понеделник врнежи ќе има на повеќе места. Локално ќе биде нестабилно со пообилен дожд (над 40 л/м2) и појава на грмежи.
Ќе дува умерен до засилен, а повремено силен ветер од јужен правец (над 60 км/час). Од понеделник температурата ќе биде во опаѓање.
Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 27 минути, а ќе зајде во 16 часот и 10 минути. Денов трае 9 часа 43 минути.
Месечината која е во фаза на последна четвртина, ќе изгрее 2 минути по полноќ, а ќе зајде во 13 часот и 38 минути.