Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Денеска, 13. мај, петок, времето во Македонија ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Кон крајот на денот ќе има појава на краткотрајна нестабилност претежно во југозападните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. УВ индексот ќе биде 8.
Максималните дневни температури ќе достигнат во Скопје 30 Целзиусови степени, Маврово 21, Охрид 24, Битола 27, Крива Паланка 26, Берово 24, Кавадарци и Дојран 31.
Утре времето претпладне ќе биде сончево и топло, а попладне променливо облачно и нестабилно на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и појава на град. Дневните температури ќе се движат од 20 до 29 степени.