Home Актуелно Петочна и викенд временска прогноза

Петочна и викенд временска прогноза

Времето во Македонија денеска, 4. март, ќе биде променливо облачно, а во западните делови со врнежи од дожд и снег на пониските и само од снег на планините и на повисоките места. Кон крајот на денот и во текот на ноќта врнежите ќе се прошират насекаде.

Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11 Целзиусови степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно, а кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, кои на повисоките делови од котлината ќе преминуваат во слаб снег. Максималната температура ќе достигне до 9 степени.

За време на викендот врнежите од дожд и снег наместа ќе имаат пообилен карактер. На планините снежната покривка дополнително ќе се зголеми, а нова ќе се формира и во некои пониски места.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…