Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Последниот јануарски петок во Македонија носи сончево време со мала до умерена облачност и малку потопло, попладне од запад ќе се прошири зголемена облачност.
Кон крајот на денот и во текот на ноќта претежно во западните делови ќе има локални врнежи од снег, а понекаде во пониските места врнежите ќе започнуваат како повремен дожд кој може да замрзнува. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен до северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -9 до -1, а максималната ќе достигне од 2 до 12 Целзиусови степени.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Попладне облачноста ќе се зголемува и кон крајот на денот ќе има појава на краткотраен дожд кој понекаде може да замрзнува и кој во повисоките делови ќе биде од снег. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне 8 степени. Маврово 2, Охрид, Битола и Берово 5, Крива Паланка 6, Кавадарци 7, Дојран 12.
Кон крајот на денот во западните, а во сабота претежно претпладне во северните делови ќе има локални врнежи од снег. Во сабота ќе дува и засилен северен ветер, што повторно ќе ја намали дневната температура. Нов влажен бран со врнежи од дожд и снег се очекува во вторник.