Home Актуелно Петочна и викенд временска прогноза

Петочна и викенд временска прогноза

Денешниот октомвриски петок времето во земјава ќе биде облачно и студено со повремени врнежи од дожд, кои пообилни ќе бидат во југоисточните делови, а во останатите делови ќе бидат со послаб интензитет. Поради затоплување на висина, на планините врнежите повторно ќе преминуваат во дожд.

Утринската температура ќе се движи од 1 до 7, а максималната ќе достигне од 5 до 11 Целзиусови степени.

Во Скопје, облачно и студено со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 6, а дневната ќе достигне до 8 степени.

Од сабота ќе настапи стабилизација на времето со пораст на дневната температура. За време на викендот ќе биде пооблачно и ветровито, а од понеделник ќе има повеќе сончеви периоди.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…