Петочна и викенд временска прогноза


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Денеска, петок, 3. септември, времето во Македонија ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен претежно северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 18, а максималната ќе достигне од 20 до 31 степен.

Во Скопје ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен претежно северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 25 степени. Маворово 20. Охрид 26, Битола 27, Крива Паланка и Берово 24, Кавадарци 29, Дојран 31.

Според УХМР, и во сабота ќе се задржи стабилно, а дневната температура ќе биде во благ пораст. Во недела уште од ноќта ќе има услови за краткотраен дожд, а преку денот на повеќе места ќе биде нестабилно со поројни врнежи кои на места ќе бидат пообилни и проследени со грмежи. Повремен пороен дожд со ретки грмежи ќе има во понеделник.