Петочна и викенд временска прогноза


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Денес во Македонија ќе имаме сончево време, со умерена облачност и умерен североападен ветер. Во планинските подрачја е можен слаб локален дожд. Дневните температури ќе се движат од 22 до 34 Целзиусови степени.

Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност и умерен североападен ветер и дневна температурата до 30 степени.

Во поголемиот дел од земјава ќе преовладува стабилно и суво време со умерен северен ветер, а во крајните западни и североисточни делови ќе има услови за слаб краткотраен дожд.

Утре времето ќе биде сончево и значително потопло, а од недела кон крајот на денот и во наредните денови повторно ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално се очекуваат и поинтензивни процеси.