Home Актуелно Петочна и викенд временска прогноза

Петочна и викенд временска прогноза

Овој јулски петок во Македонија носи сончево време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Попладне главно во планинските подрачја ќе има услови за локален дожд и ретки грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 22 до 34 Целзиусови степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне 32 степена. Маврово 22, Охрид и Крива Паланка 27, Битола 30, Кавадарци 32, Берово 26, Дојран 34.

Под влијание на продор на атмосферски фронт, утре ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични празнења и појава на град. Температурата, особено на северот, осетно ќе се намали.

Услови за локална нестабилност со послаб интензитет ќе има и во недела попладне, а од понеделник следува стабилно време со значителен пораст на дневната температура.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…