Home Актуелно Петочна и викенд временска прогноза

Петочна и викенд временска прогноза

Овој прв јунски петок во Македонија ќе имаме сончево време со умерена облачност и со умерен до засилен ветер од јужен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, претежно во западните делови.

Максималните дневни температури ќе бидат во Скопје 26 Целзиусови степени, Маврово 18, Охрид 22, Битола и Крива Паланка 24, Берово 23, Кавадарци 28, Дојран 29.

Утре времето ќе биде променливо облачно, нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Дневните температури ќе достигнат вп Скопје 23, Маврово 17, Охрид 19, Бирола 22. Крива Паланка 21, Берово 20, Кавадарци и Дојран 25 степени.

Прогнозата за в недела е сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи, а дневните температури ќе се движат од 23 до 30 степени.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…