Петочна и викенд септемвриска временска прогноза


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Денешниот септемвриски петок во Македонија носи сончево време со мала до умерена облачност, која ќе биде поголема во западните делови каде што ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 18 до 30 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб претежно северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 27 степени. Маврово 18, Охрид 23, Битола 26, Крива Паланка 24, Берово 22, Кавадарци 29, Дојран 30.

Во следните денови ќе има повеќе сончеви периоди и дневните температури ќе бидат повисоки за 3 до 4 степени. За време на викендот ќе има и услови за слаб локален дожд претежно во планинските подрачја, а в недела и услови за појава на ретки грмежи.