Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Со исклучок на мал број на места, во поголемиот број на мерни точки УХМР утринава измери минимала температура која беше во границите помеѓу -10°С и -5°С. Насекаде преовладува ведро време, а во котлините има појава на „заматување“ на атмосферата, што е сосема нормално во вакви синоптички состојби.
Денот нема да донесе никаква промена во однос на времето.
Максималната температура ќе има вредност помеѓу 5°С и 8°С низ поголем дел од котлините, а на југ, вклучително и охрдско-преспанскиот, како и пелагонискиот регион околу 10°С.
За време на викендот, утрата ќе бидат студени, слични на денешното. Ќе има пораст на дневната температура, со што во сабота ќе биде потопло од петок за околу 3°С до 4°С, а во недела за уште 2°С до 3°С, со што на одделни мерни места во јужниот дел на земјава очекуваме максимална температура која ќе достигне вредност околу 17°С.
Останува сончевото време и појавата на слаба сумаглица по котлините во текот на утринските и ноќните часови.