Петмина уапсени за обид за убиство на Зијадин Села


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Нови пет лица се уапсени по наредба на јавното обвинителство во врска со обидот за убиство на Зијадин Села, за време на насилствата во Собранието од 27 април оваа година.

„Во врска со постапката што се води во Основното јавно обвинителство Скопје за настаните во Собранието на Република Македонија од 27 април и нападот врз Зијадин Села, надлежен јавен обвинител донесе Наредба за проширување на истрага за уште 5 лица за сторено кривично дело Убиство во обид сторено во соизвршителство, од чл.123 во врска со чл. 19 и во врска со чл.22 од Кривичниот законик.

Петте лица, по барање на надлежен јавен обвинител се лишени од слобода при вршење на претрес во нивните домови. Во текот на денот Обвинителството ќе презема дејствија за утврдување на факти и спрема останати лица.“, информираа од Основното јавно обвинителство.